Научниците од Оксфорд дојдоа до ветувачки наоди за вакцината против коронавирусот
Вакцината против коронавирусот што била развиена од научници од универзитетот Оксфорд и тестирана врз шест мајмуни, дала ветувачки наоди кои на крајот од минатиот месец довеле до почетни испитувања и врз човекот, соопштија американски и британски истражувачи.
Британскиот производител на лекови „АстраЗенека“ минатиот месец соопшти дека се здружил со истражувачите од Оксфордската група за за вакцини и Институтот Џенер, кои работат врз развојот на вакцината, пренесоа британските меидуми.
Според извештајот, некои од мајмуните кои добиле една вакцина развиле антитела против вирусот во рок од 14 дена, а сите заштитни антитела во рок од 28 дена, пред да бидат изложени на големи дози на вирусот.
По изложеноста, вакцината го спречила оштетувањето на белите дробови, но вирусот останал активен во носот.
Стивен Еванс, професор по фармакоепидемиологија на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, изјави дека податоците за мајмуните се дефинитивно добра вест.
-Тоа беше дефинитивно теоретска загриженост во врска со вакцината САРС-КоВ-2 и фактот дека нема докази за тоа во оваа студија е многу охрабрувачка, рече Еванс.
Минатиот месец, британските научници почнаа да ја даваат вакцината на волонтери, а до 13 мај вакцината ја примиле 1.000 лица.
Ново на Сител
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава
-
Уште два неуспешни обида на Уставниот суд да избере нов претседател, седницата продолжува в понеделник
-
Избори за нов претседател на СДСМ на 30 јуни, конгрес на 9 јуни
-
Мурињо седнува на клупата на Фенербахче
-
Медиуми: Мареска нов тренер на Челзи