-->
-->
Научници работат за спас на белиот носорог од истребување
-->
Меѓународен тим научници успешно изолираше јајце-клетки од двата преостанати претставници од северниот бел носорог. Сѐ тоа со цел да се спаси овој загрозен вид од изумирање.
Научниците се надеваат дека со околу 10 примероци ќе може да создадат ембрион што ќе биде внесен во сурогат-мајка која треба да роди живи младенчиња. Овој научен проект беше значително забавен поради пандемијата на коронавирусот, но германско-чешкиот научен тим успеа да го заврши целиот процес без компликации.
Јајце-клетките на женката северен бел носорог ќе бидат однесени во Италија, каде што оплодувањето ќе се изврши со замрзната сперма од сега веќе угинатиот машки бел носорог.
Последниот примерок од северниот бел носорог угина во Судан во март 2018 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања