-->
-->
Натпревар за уметнички дела од рециклиран материјал
-->
Регионалното еколошко друштво „Еко-живот" од Кавадарци организира натпревар во изработка на уметнички дела од рециклиран материјал од страна на ученици, информираше денеска Роберто Паризов, претседател на друштвото.
- Натпреварот е начин својата умешност да ја претстават ученици од основните и средните училишта од неколку општини во Тиквешкиот регион кои патем учат и за материјалите кои можат да се рециклираат, како дрво, стакло, пластика и слично, појасни Паризов.
За најдобрите изработки следуваат пофалници и награди.
Паризов нагласи дека целта е да се подигне еколошката свест на едно повисоко ниво и затоа на натпреварот ги повика да учествуваат сите вистински вљубеници во природата и чистата и здрава животна средина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре повторно бојкот на маркетите, министерот за економија најави нови мерки
-
Мицкоски: Одлуката на Уставен е конечна, ќе најдеме решение поединечно со компаниите
-
Се мапираат локалните предизвици
-
ИЈЗ: За една недела има над 3000 болни од грип – пријавени и два смртни случаи
-
Наместо нов Клинички, ГОБ 8-ми септември ќе станува регионален центар
-
Само електонски индекси од октомври?
-
ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе донесе иницијатива за разрешување на членовите на Судски Совет
-
Камбовски: Според сегашните закони само Советот може да ги разреши членовите