Натпревар во качување карпи на Демиркаписка клисура
Натпревар во качување карпи во зимски услови, се реализира денеска на Демиркаписка клисура. Организатор е демиркапиското здружение „Карпа за секој”, во соработка со спортски клуб „Клисура” и со поддршка на локалната самоуправа.
-Се работи за натпревар во стилот на таканаречениот drytooling, или со помош на дерези и цепини, познати во јазикот на алпинистите, појасни претседателот Александар Кленов, меѓународно познат алпинист, кој, од Русија, со семејството реши да живее крај клисурата и три реки во Демир Капија.
Натпреварот се одржува во секторот Плажа. Означен за ветувачки уште во 2010 година, но за жал досега се уште добро неискористен. Подготвени се две нови насоки за качување, за кои Кленов се надева дека ќе бидат интересни и за спортско качување. Секторот се наоѓа веднаш после вториот тунел, на брегот на реката Вардар.
Настанот е во рамките на Неделата на традицијата, која ја организира општината, а има за цел промовирање на природните убавини на Демир Капија и можностите за алтернативен туризам во сите годишни времиња.
На натпреварот, меѓу другите, пријавени се и двајца натпреварувачи од Русија.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците