Натпревар по противпожарна заштита за учениците од општина Аеродром

Традиционалниот 33. квиз-натпревар по противпожарна заштита за учениците од осумте основни училишта во општина Аеродром денеска ќе се реализира во ООУ „Љубен Лапе“.
Организатори се Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“ и општина Аеродром.
Противпожарниот квиз-натпревар, како што информира општина Аеродром, претставува важен дел во развојот и ширењето на општата противпожарна култура меѓу младата популација, како и едукација за заштита од пожари, односно превентивни мерки и постапка во случај на пожар.
Во текот на октомври Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“ за основните училишта распиша конкурс за ликовни и литературни творби со мотиви за заштита од пожари, кои ќе бидат изложени во основното училиште „Љубен Лапе“, а за најдобрите творби ќе бидат доделени дипломи.
Ново на Сител
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
-

Преглед на вестите од светот
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
