Натпревар на млади пијанисти во Гевгелија
Повеќе од сто млади пијанисти од Македонија, Бугарија, Србија и Косово до недела ќе учествуваат на традиционалниот меѓународен натпревар „Гевгелија 2016’ што го организира професор Глигор Гелебешев под покровителство на општина Гевгелија.
Гелебешев истакна дека наредните неколку дена, во женска и машка конкуренција, учесниците ќе се натпреваруваат во пет категории во кои ќе имаат прилика да ги презентираат своите мајстории на пијано.
- Гевгелија годинава по шести пат ќе биде центар на голем број млади музички надежи кои ќе покажат колку навлегле во тајните на интерпретирање на дела од големите музички имиња на натпреварот кој веќе стана дел од многубројните културни обележја на градот, а преку музиката во Гевгелија ќе остваруваат и трајни пријателства со вистински вредности,потенцира претседателот на организацискиот одбор,Глигор Гелебешев.
Жири комисијата која ќе ги оценува настапите на младите пијанисти,ќе ја сочинуваат проф. Милица Шперовиќ-Рибарски од Македонија, проф.Драгомир Братиќ од Србија и проф.Тереза Тервизан од Италија.
Ново на Сител
-
Хрватска ќе уништи речиси 12.000 свињи поради африканска чума
-
Скопјанец ја нападнал својата мајка во семејниот дом барајќи и пари
-
Орбан: Ако Украина влезе во ЕУ, и војната ќе дојде со неа
-
Еди Рама сè уште не добил честитки од косовските лидери за четвртиот премиерски мандат
-
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје
-
Франција заплени 1,5 тони кокаин вреден 36 милиони евра
-
За секој освоен глас на парламентарните избори, политичките партии во Албанија ќе добијат по 94 лека
-
Во Брисел утре претставување на кандидатите за наградата „Сахаров“, студентите кои ги предводат протестите во Србија се едни од предложените