НАТО состанок за поддршката на Македонија, Албанија и Црна Гора за справување со Ковид-19
Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО денеска и утре ќе одржат виртуелен состанок со кој ќе претседава генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг..
Министрите ќе разговараат за напредокот во однос на пофер распределба на товарот, зајакнување на капацитетите за одвраќање и одбрана во сите домени, зајакнување на отпорноста на општестваta; и за мисиите на НАТО во Авганистан и Ирак. Ќе стане збор и за справувањето со пандемијата на Ковид-19 и поддршката од Алијансата за Македонија, Албанија и Црна Гора.
-Пандемијата КОВИД-19 продолжува да не предизвикува сите нас. Нашите војски продолжуваат да играат клучна улога во поддршката на цивилните напори. И сојузниците си помагаат едни на други. Поставување на теренски болници и транспорт на пациенти. И овој месец, Албанија, Црна Гора и Македонија добиваат поддршка од новите резерви на НАТО. Ковид-19 не направи другите предизвици да исчезнат. Значи, останува од витално значење да инвестираме во нашата одбрана, рече Столтенберг вчера на прес – конференцијата по повод одржувањето на дводневниот министерскит состaнок.
Ново на Сител
-
Русија ги намали очекувањата за скорешна средба Путин - Зеленски
-
Прв уписен рок на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Вечерва се спушта завесата на Охридско елто
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Владата објави дека наследиле рекорден број арбитражни постапки
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население