Свет
7. November 2017 - 9:15

НАТО сака нова база за одбрана од руската морнарица

НАТО би морал да обезбеди нова регионална база за одбрана на Северен Атлантик против се поголемата закана од руската морнарица, изјави претседателот на Воениот комитет на Алијансата, Петр Павел.

Тој во текот на неделата ќе ја претстави идејата за нова база пред министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата, со цел да се одлучи во која НАТО земја ќе биде лоцирана базата.

Тоа би било прво такво ширење на Северноатлантската алијанса од 2011 година.

- Доколку ги погледнеме растечките способности на земјите, како што се Русија и Кина, јасно е дека поморските комуникациски линии мора да ги штитиме, посочи Павел.

Тој додаде дека е забележан и пораст на активностите на руската морнарица во Артикот и во северниот дел на Атлантски Океан.

Иако иницијативата за нова база е симболична, тешко дека ќе заживее Атлантска команда на НАТО од Студената војна, која е распуштена во 2002 година.