НАТО: Руското нарушување на воздушниот простор е опасна ескалација

Началниците на генералштабовите на земјите-членки на НАТО денеска во главниот град на Летонија, Рига ќе разговараат за нарушувањето на воздушниот простор од страна на Русија.
– Денеска ја изразувам мојата целосна и недвосмислена солидарност со сите сојузници чиј воздушен простор е нарушен. Одговорот на Алијансата беше силен и само ќе продолжи да станува посилен, наведе во воведниот говор адмирал Џузепе Каво Драгоне, претседател на Воениот комитет на НАТО.
Тој посочи дека нарушувањето на воздушниот простор претставува чин на непромислена ескалација, која ги загрозува животите, а Русија сноси целосна одговорност за таквите постапки.
Драгоне направи паралела со историските настани, истакнувајќи дека на 25 септември 1939 година, советски бомбардер и извидувачки авион го нарушиле воздушниот простор на Летонија, Литванија и Естонија, опишувајќи го тоа како „почетен сигнал за решителноста на Москва да ја наметне својата волја“.
– Тој момент денес треба длабоко да одекне во нас, посочи Драгоне.
Додека претседателот на Летонија, Едгарс Ринкевичс истакна дека „итен приоритет е воздушната одбрана“.
– Русија продолжува со серија провокации, а неодамна неодговорно го наруши воздушниот простор на Полска и на Естонија, наведе Ринкевичс и повика на продолжување на силен одговор што ќе го претвори чувањето на балтичкиот воздушен простор во мисија за балтичка воздушна одбрана со соодветни правила на борбено дејствување.
Русија повеќе пати го наруши воздушниот простор на НАТО над Балтикот и Полска.
Воениот комитет на НАТО ги советува членовите на НАТО за воени прашања. Една од целите на тековната конференција е да се спроведат одлуките донесени на самитот на НАТО во Хаг на крајот на јуни.
МИА
Ново на Сител
-

Полицаец во Куманово давајќи отпор при апсење со нож повредил колега
-

Две лица од струшко со пиштол ограбиле обложувалница
-

Симеоне: На чекор сме од уште едно финале
-

Повеќе паркинг - места и нова хуманитарна зона во општина Центар
-

Пожар на депонијата „Краста“ ставен под контрола – проблемот бара системско решение
-

Божиновска: Македонија во нова фаза на енергетската политика – на имплементација, резултати и одговорност
-

Поднесена кривична пријава против полициски службеник за сторено кривично дело „телесна повреда”
-

Условна осуда за тројцата полицајци од Кочани обвинети за неизвршување службена должност
