НАТО разгледува нова воено-финансиска помош за Украина од 70 милијарди евра

Земјите од НАТО разгледуваат нова воена финансиска помош од 70 милијарди евра за Украина, изјавија за Политико четири неименувани дипломатски извори, наведувајќи дека одлуката треба да биде објавена следниот месец за време на самитот на НАТО во Анкара.
Изворите велат дека предлогот што го иницираше Германија минатиот месец вклучува нов механизам за зголемување на транспарентноста околу финансирањето на Украина, потсетувајќи дека некои земји се жалат дека носат непропорционално поголем товар за поддршка на официјален Киев.
САД ја прекинаа речиси целата нова воена помош за Украина и продаваат оружје на Киев само ако е финансирано од други сојузници.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна, за време на состанокот со првиот човек на НАТО, Марк Руте, ја повика Европа да испорача повеќе ракети за системите за ПВО „Патриот“, што се користат за неутрализирање на нападите од руските балистички ракети.
Во периодот од јануари до април, европските земји издвојувале просечно 2 милијарди евра за Украина секој месец, според извештајот на Институтот Кил.
МИА
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
