Loading Video...
Свет
16. November 2022 - 16:46

НАТО потврди: Русија не е одговорна за експлозијата во Полска

Проектилот кој падна на полска територија и уби две лица е истрелан од украинската противвоздушна одбрана, бранејќи се од рускиот ракетен напад. Станува збор за немил инцидент, покажува првичната истрага.

Немаме докази дека инцидентот е намерно предизвикан и дека Русија планира напад на НАТО, истакна шефот на Алијансата.

Првично постоа сомневања за руска вмешаност, но официјална Москва веднаш се огради од инцидентот.

И американскиот и турскиот претседател првично споделија сомневање дека проектилот бил истрелан од Русија, додека европските западни лидери главно повикаа на смиреност и на кредибилна истрага.

Загриженост поради веста дојде и од Македонија. Премиерот Ковачевски изрази сочувство за жртвите и посочи дека се работи на собирањето на сите факти за трагичниот настан.

Инцидентот на полско – украинската граница е тема на денешниот итен состанок на лидерите на НАТО, а во Алијансата се расправа за снадбување и модернизирање на украинската противвоздушна одбрана.