НАТО отвори центар во Кувајт
По повод отворањето на новиот центар во Кувајт, генералнито секретар на НАТО, Јенс Столтенберг повика денес на зајакнување на сорботката со Персискиот Залив.
- Тоа ќе биде важен центар за сорботка меѓу Алијансата и нашите заливски партнери, рече Столтенберг на отворањето на центарот во присуство на премиерот на Кувајт, Шеик Јабер Мубарак Ал-Сабах.
Ценарот е отворен и поради Истанбулската иницијатива за соработка, која НАТО ја донесе на Самитот во 2004 година и чии припадници се Кувајт, Катар, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати. Саудиска Арабија и Оман иако припаѓаат на Персискиот Аалив планираат дури сега да се приклучат кон иницијативата.
Кувајтскиот министер за надворешни работи, шеикот Саба Калед ал Саба рече дека регионот се соочува со сериозни предизвици, кои бараат соработка со меѓународните организации.
- Ние се соочуваме со заеднички проблеми, како што се тероризмот, зголемувањето на бројот на оружје и кибер нападите. Исто така ги делиме тенденциите кон мир и стабилност, изјави Столтенберг.
Тој истакна дека НАТО минатата година извршила обука на стотици ирачки офицери во Јордан, со цел поефикасна борба против исламските држави.
- Овој центар ќе ја зајакне воената соработка меѓу Алијансата и Заливот во борбата против тероризмот, додаде тој.
Центарот ќе им помага на државите од Персискиот залив со обуки во областа на кибер безбедноста, енергетската безбедност, хемиското, биолошкото и нулеарното вооружување.
Ново на Сител
-
Во Скопје има 180 пожарникари, а потребни се над 450 - Подобри услови ќе бараат од новата Влада
-
Преглед на вестите од светот
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини