НАТО ќе добие помошник генерален секретар за разузнавање

НАТО најверојатно наскоро ќе воведе функција помошник на генералниот секретар за разузнавање, чија задача ќе биде да обезбеди подобра размена на разузнавачки податоци меѓу државите членки, соопшти неименуван претставник на Алијансата.
Според истиот извор, ваквите планови биле разгледувани изминативе шест до осум месеци и веќе биле одобрени од земјите членки на НАТО.
Идејата за воведување на оваа функција биле поттикната од „вознемиреноста предизвикана од однесувањето на Русија, пред се од нејзиното воено мешање во Украина и анексијата на Крим“. Но, по ланските напади во Париз, реализацијата на ваквите планови биле интензивирана.
Изворот од седиштето на НАТО наведува дека планот за воведување на функцијата помошник генерален секретар за разузнавање би можел да биде одобрен веќе на Самитот на Алијанста, што ќе се одржи следниот месец во Варшава.
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
