НАТО и КФОР: На Косово е мирно, остануваме клучни за стабилноста во регионот
Ситуацијата на Косово сега е многу помирна отколку што беше, но понекогаш доаѓа до тензии, соопштија НАТО и КФОР на социјалните мрежи.
Тие додаваат дека „косовските сили предводени од НАТО и КФОР остануваат клучни за стабилноста во регионот“.
Оваа порака е објавена при посетата на евро-американската двојка Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар, кои се обидуваат да го рестартираат дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина, пренесува КоСсев.
НАТО ја објави оваа порака со кратко видео од северот на Косово и потсетување дека до неодамна имаше барикади на локални Срби по спорот меѓу Приштина и Белград за регистарските таблички.
Во пораката се потсетува дека КФОР е трет во синџирот за реагирање во вакви ситуации, по косовската полиција и ЕУЛЕКС, што значи дека „ситуацијата е сериозна“ кога КФОР е повикан на помош.
„Нашата работа не е да одлучуваме кој е во право, а кој не, туку да помогнеме да се одржи мирот овде“, се заклучува во пораката.
Ново на Сител
-
Во Србија одбележуваат Видовден - Владата на централна прослава во Крушевац, студенти на протести
-
Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост
-
Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути
-
Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година
-
Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје
-
Сончево со мала до умерена облачност и благ пад на температурите
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат