-->
-->
НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-->
НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан, кој претставниците на двете земји го потпишаа во Вашингтон, под покровителство на САД.
– Го поздравуваме напредокот кон мир меѓу Ерменија и Азербејџан и му се заблагодаруваме на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата инвестиција во мирот. Ова е значаен чекор напред – изјави портпаролката на НАТО, Алисон Харт, на X.
Мировниот договор го потпишаа претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, и премиерот на Ерменија, Никол Пашињан, со што се стави крај на етничкиот конфликт во кој двете земји се наоѓаа од 1990-тите.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања