-->
-->
Наташа ја донесе малечката Катја кај татко и: Лука втор пат ја гледа ќерката во Центарот, Наташа ја гушкаше после средбата
-->

Наташа Беквалац ја донесе малечката Катја во Центарот за социјална работа за да може Лука Лазукиќ да ја види својата ќерка. Лазукиќ стигна 10 минути пред Наташа на мотор за да ги пречека.
ИТ експертот има право ќерката да ја гледа секоја среда на половина час.
Наташа со ќерката и со дадилката дојде до Центарот каде Лука ги чекаше. Наташа по неколку моменти излезе сама, а Катја и дадилката останаа во центарот. Беквалац отиде до автомобилот, каде почека да поминат тие половина час, колку што судот одреди дека таткото може да биде со детето, а потоа влезе во Центарот по Катја и цврсто ја гушна.

Лука Лазукиќ без зборови седна на моторот и замина.
Ова е втор пат што Лука по три месеци ја виде ќерката Катја.
„Судот одлучи Лука да го гледа детето еднаш неделно на половина час. Тоа не е конечна привремена мерка, таа може да се промени, откако повторно ќе се воспостави однос меѓу детето и таткото. Ваквата мерка е во склад со законот имајќи во предвид дека во тек е кривична постапка и возраста на малолетното дете. И гледањето моментално е во Центарот за социјална работа, рече адвокатката на Лука.
Првиот пат детето го донесе дадилката, а сега бебето Катја го донесе Наташа.
ФОТО/ВИДЕО: Курир.рс
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хамилтон ги критикува перформансите и стратегијата на Ферари
-
Келн го отпушти тренерот пред можното враќање во Бундеслигата
-
Алкалоид ќе го пречека АЕК во „Борис Трајковски“
-
Дембеле се врати на тренинзи по повредата
-
НБА: Јута го продолжи договорот со тренерот Харди
-
Ф1: Алпин размислува за замена на возачите, Колапинто на местото на Дуан
-
Кривична пријава против фудбалерите на Гостивар за напад на полицајци по мечот со Струга
-
Облачно, локално со повремени поројни дождови