Македонија
13. јуни 2016 - 11:24

Настинки, главоболки, покачен крвен притисок најчести прашања за Ало докторе!

На телефонската линија Ало докторе! медицински совет во текот на изминатата недела побарале 1.391 лице. 

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето. За медицински совети достапни се 25 доктори. 

Јавувањата  се  за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за  покачен крвен притисок, главоболки, настинки,  алергиски реакции  и стомачни тегоби. Повиците   се  од граѓани од сите градови на Македонија.

На сите оние лица кои  побараа  медицински совет  на телефонската линија  Ало докторе! им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија.

Линијата е отворена од 15 септември 2014 година од кога се регистрирани вкупно 97.528   повици. Бројот на кој се достапни медицински совети е 02/15 123.