Македонија
29. October 2015 - 16:38

Наставните програми добија потврда и од Обединетите нации

Преку учење за претпириемништво до зголемување на вработеностаи  креирање на нови работни места .4 години средношколците се образуваат како да бидат покреативни, конкурентни на пазарот на труд но и да оформат свој бизнис. Наставиците се обучуваат како да го изостават стариот начин на предавање, да  внесат иновативност и поголема  интеракција во наставата. Реформата со воведување на претпиемништвото, бизнис и иниовациите во средното а од лани и во основното образование е меѓународно призната.

-Република Македонија  е една од 5-те наградени држави на Европската конференција за иновации и претприемништво која оваа година се одржа во Џенова, Италија.  Со тоа Република Македонија го превзема лидерската позиција на ниво на Балкан во однос на реформи кои што се однесуваат на иновации, бизнис и претприемништво во основно и во средно образование, изјави Спиро Ристовски.

-Новите концепти се поврзани со иновација и со креативност и затоа е многу важно на им помогнеме на нашите млади деца да станат креативни луѓе. Креативноста сама по себе не е доволна. Да се разбере бизнисот и како  започнуваат и се развиваат новите бизниси е исто така многу важно, заклучува Пеналуна.

Министерството за образование продолжува и со проектот за стекнување на работни вештини за вработување на младите.

-Изработени се шест модули за обука за кариерното советување кои ги имплементиравме со наставници од 52 училишта досега, а изработена е и Батерија на инструменти за проефисионална ориентација, она што порано го викавме тестови за професионална ориентација, кои откако ученикот ќе ги пополни, може точно да се види кои се неговите интереси,

За 5 години обучени се 180 наставници како да спроведуваа т кариерно советувањ  а прграмата ја следат 570 ученици.