Наставници од Крива Паланка во посета на училиште во Португалија преку „Еразмус плус“
Четворица претставници од основното општинско училиште „Јоаким Крчовски” во Крива Паланка посетија неколку основни училишта во Ољао, Португалија, во рамки на работните средби од проектот „Мојата мала Европа” финансиран од европската образовна програма „Еразмус плус“ која во Македонија се спроведува од Националната агенција за евроски образовни програми и мобилност.
Покрај од Македонија, во проектот се вклучени претставници од училишта од Полска, Шпанија, Португалија, Литванија и Бугарија.
- Ова беше последна работна средба од проектот, а тимот од „Јоаким Крчовски“ оствари посета на повеќе училишта од групата на професорката Паула Ногуеира. Наидовме на срдечен прием, по што ги посетивме часовите по математика, информатика, англиски, разменивме различни искуства и се запознавме со еден малку поинаков начин на предавање. Сите кои беа дел од овој проект беа вклучени во расказот „Шест минути” напишан од главниот координатор на проектот Агнешка Булинска. Една прекрасна синтеза на сите шест земји во еден мал лик кој успеал да ги пронајде најдобрите нешта од сите херои и да ги научи. Уживавме додека го слушавме расказот и ги гледавме илустрациите на ликовите поврзани со секоја земја, истакна Тања Димитровска- Шкрбиќ, координатор на проектот.
Освен остварената првична цел на проектните активнсоти, можноста да се разменат дидактички и едукативни искуства, Димитровска-Шкрбиќ истакна дека со проектот е овозможено и запознавање на културите и знаменитостите на учесниците.
- Имавме несекојдневна „Тук – Тук“- турнеја за разгледување на градот. Симпатичните возила со кои го разгледавме градот и интересните водичи направија да уживаме во глетката. Посебно интересна и незаборавна беше посетата на училиштето на островот Кулатра, со 30 ученика и е единственото училиште кое се наоѓа на остров во околината. Настаниците мора да патуваат со брод за да дојдат дотаму и да работат со учениците. Сепак далечината не беше пречка да не уживаат во работата со своите ученици, што инспирира и мотивира, додава Димитровска-Шкрбиќ.
Во општината оствариле средба со советникот за образование на Ољао, кој ја поздравил можноста наставниците преку вакви проекти да го подобрат квалитетот на образовниот процес.
Проектот „Мојата мала Европа“ има цел да обезбеди можност за културна интеграција, да ја поттикне страста за знаење и учење за познатите личности, да ја развие способноста за тимска работа и да го развие знаењето за комуникациски технологии кај учениците.
Со проектните активности се очекува да произлезат и препораки развиени врз база на истражувања и опсервации, а алатките што ќе ги користат наставниците да ги оценуваат учениците се развиени врз база на принципите на невродидактика.
Ново на Сител
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија
-
Пакистан подготвен за мир ако Индија ги запре воените дејства, вели министерот Дар
-
Макрон во Киев: Подготвени сме да помогнеме ако има прекин на огнот од 30 дена
-
Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан
-
Токсичен облак кај Барселона: Властите апелираат граѓаните да не излегуваат надвор
-
Трамп потпиша извршна наредба за почеток на програма за самодепортација