Настава со физичко присуство само во подрачните училишта во Делчево
Настава со физичко присуство на учениците во Делчево ќе се одвива само во подрачните училишта.
Како што информираа раководните лица од делчевските воспитно-образовни установи, на последната седница, Владата го усвоила извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесените барања од страна на основачите на училиштата за организирање настава со физичко присуство, за период од 18 до 25 септември 2020 година, при што зелено светло за реализирање настава со физичко присуство во Делчево добиле сите подрачни училишта во состав на деветолетките „Ванчо Прке” и „Св.Климент Охридски”.
– Според извештајот, согласност за организирање настава со физичко присуство добија подрачните училишта на двете централни основни училишта во Делчево. Тоа значи дека настава со физичко присуство на учениците во деветолетката „Ванчо Прке” ќе се одвива во селата Габрово и Ѕвегор, додека во подрачноте училишта кои потпаѓаат под деветолетката „Св.Климент Охридски”, настава со физичко присуство ќе се организира со учениците од селата Разловци, Тработивиште, Град, Стамер и Вирче, информираа надлежните.
Наставата во централните основни училишта во Делчево и во гимназијата „М.М.Брицо“, како што додадоа, ќе се одвива онлајн.
– Од претходно е веќе познато дека најмладите ученици од прво до трето одделение наставата ќе ја следат со физичко присуство, додадоа надлежните.
Учебната година и за учениците кои ќе следат настава со физичко присуство и оние онлајн започнува на 1 октомври 2020 година.
Ново на Сител
-

Американската војска соопшти дека ги обновила нападите врз цели во Иран
-

Ердоган на средба со Путин порача дека односите меѓу Турција и Русија се на најнапредно ниво
-

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
