Настап на групата „Копачка“ во Бобошево, соседна Бугарија
Групата „Копачка“ од Драмче, Делчевско учествуваше на Ревијалниот меѓународен фестивал „Бобошевско веселие“ во Бобошево, соседна Бугарија, каде го презентираше традиционалното оро „Копачка“ од Драмче кое е на репрезентативната листа на УНЕСКО како нематреијално културно наследство, како и фолклорот од Делчево и Македонија.
Како што истакна денеска Перса Стојановска, секретар на ЗФГ „Копачка“, делчевските играорци се претставиле во најдобро светло, за што добиле и благодарници за учеството на фестивалот, каде настапувале 19 групи од неколку балкански држави.
- Доживеавме вистински спектакл на Ревијалниот меѓународниот фестивал „Бобошевско веселие“ во Бобошево Бугарија. Претставувањето на светското културно наследство орото Копачката, како и извонредните изведби на дуетот Димитар Узунски - Натка Китановска со песната „Јана иде од меана“; Васко Симоновски на својата тамбура и песната „Никола, море Никола“ и обичајот „Попрелка“ ги одушевија организаторите, Општината и Читалиштето на Бобошево, како и другите учесници на фестивалот и многубројната публика. Ова за нас е уште една потврда за квалитетот на фолклорот кој го презентираме, како и потврда за нашата работа, која за нас претставува вистинска сатисфакција и поттик да продолжиме и понатаму со нашата работа, изјави Стојановска.
Таа истакна дека групата активно се подготвува за настапот во Софија кој е најавен за 8 септември.
- Со триото „Гавровски“ ни претстои уште еден важен проект што ќе го реализираме во меѓународни рамки. По повод 8 Септември, Денот на државноста на Република Македонија со поддршка, соработка и соорганизација на Министерството за култура, Културно информативниот центар на Македонија во Софија и Македонската амбасада во Бугарија, ќе оганизираме свој концерт пред амбасадори и дипломатски претставници од повеќе држави. Настанот е предвиден за 12 септември, а го сметаме за многу значаен за нас и со радост се подготвуваме за што поубаво претставување на светските културно наследства, заштитени од УНЕСКО – орото „Копачката“ и „Гласоечко“ пеење, истакна Стојановска.
Инаку, ЗФГ „Копачка“ и Триото Гавровски со успех ја претставија Македонија на годинашните 55 по ред „Јаношикови денови“ во Терхова, Словачка.
Ново на Сител
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот
-
Не само во Челопек министерката Јанева најави вонредни инспекции и во други училишта каде деца носеле симболи на УЧК
-
Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, еден час плус дневна евтина тарифа засега ќе нема
-
Словенија бара 5.000 работници од Македонија
-
Постапка за Екс директор
-
Респираторните инфекции ги полнат педијатриските амбуланти и клиниките!