Насрала вети „ефикасна“ одмазда против Израел
Шефот на проиранското движење Хезболах, Хасан Насралах денеска вети дека ќе организира „ефикасна“ одмазда против Израел, јави ДПА.
-Нашиот одговор доаѓа и ќе биде силен и ефективен, им порача Насрала на илјадници свои следбеници преку видео. Забелешките дојдоа една недела по убиството на високиот воен командант на Хезболах, Фуад Шукр во Бејрут.
Насрала рече, без оглед на последиците, „неговото движење не може да го остави атентатот да помине неказнето“. Тој се осврна и на убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије во иранскиот главен град Техеран минатата недела.
Тој додаде дека Хезболах „ќе одговори, но внимателно и храбро, а израелското чекање е дел од одговорот“.
Тој рече дека одмазднички напад може да се случи заедно со други групи во таканаречената „оска на отпорот“, вклучувајќи ги и оние во Ирак и Јемен. Иранското раководство вети дека ќе се одмазди.
-Целта на борбата е да се спречи победата на Израел, рече Насрала.
Хезболах соопшти дека дејствува во солидарност со Хамас во Појасот Газа и дека ако борбите таму престанат, движењето ќе го остави оружјето во јужен Либан.
Непосредно пред Насрала да почне да зборува, се слушнаа звучни удари на израелски борбен авион над Бејрут и неговите предградија, предизвикувајќи паника и страв.
Шефот на Хезболах го обвини Израел дека избрал да ги ескалира тензиите откако го погоди командантот во јужните предградија на Бејрут, жариште за групата, и го уби Ханија во Техеран.
Насрала призна дека убиството на Шукр е голема загуба за групата.
Ново на Сител
-
Бајден: На американската тајна служба и треба повеќе помош и работна сила
-
Градоначалникот на Белград повторно зборува за селење на гробот на Тито од Куќата на цвеќето
-
Осомничениот за обидот за убиство на Трамп пред федералниот суд на Флорида
-
Тепачка помеѓу две сестри во Скопје
-
25-годишник нападнат во Аеродром од три лица - му се заканиле и со пиштол
-
Герапетритис: Договорот од Преспа има задолжителен карактер и обврски што треба во потполност да се почитуваат
-
Министерството за спорт ќе ја реконструира спортската сала во кампусот на УКИМ
-
УХМР: Август годинава екстремно топол и просечно врнежлив до сушен месец