Насмеани покрај мртвиот татко: Не се луди, тие имаат сериозна порака за вас!

Нејзиниот 26 – годишен сопруг Мајк Стилс починал на 2 септември откако повторно потклекнал пред зависноста. По Божиќ излегол од клиника за одвикнување “како нов човек“, но тоа не траело долго.
Мајк се навлекол на хероин откако станал зависен од лекови против болки. За време на неговиот погреб минатата недела, Холанд решила да ја фотографира и последната фотографија со него. Таа и децата, Лукас и Ава, насмеани позирале покрај телото на саканиот сопруг и татко, а потоа фотографијата ја објавила на Фејсбук и Инстаграм со трогателна порака.
-Сигурна сум дека на многу луѓе им е непријатно поради оваа фотографија, а некои дури и се разгневиле поради неа, но ја снимив за да им покажам на сите како изгледа зависноста, напишала таа.
Тие двајца нивната 11-годишна врска и бракот ги започнале како тинејџери , а вдовицата на сите им порача дека единствениот излез од пеколот на зависноста е одлуката дека секој ден ќе се лекувате.
-Ниту еден родител не би требало да го погреба своето дете и ниту едно дете малечко како нашите не би требало да го погреба својот родител. Ова не можеше да се избегне, не требаше да се случи, но една погрешна одлука го уништи нашето семејство. Знам дека многумина се потресени што ова го објавив, но со криење на фактите само и помагаме на епидемијата. Суровата вистина е дека хероинот убива. Можеби мислите дека тоа нема да ви се случи на вас, но знаете што, тоа го веруваше и Мајк, напишала.
Појасни дека нејзиниот сопруг почнал да користи дрога на почетокот на нивната врска.
-Бевме заедно 11 години. Бев тука пред се да започне. Занев што сака од живото, сите негови надежи и сништа. Никогаш не сонуваше дека неговиот живот вака ќе се заврши. Беше совршен син, брат, пријател и најважно совршен татко. Ги сакаше овие деца повеќе од се. Но како што сите знаеме, понекогаш животот е тежок и ние правиме грешни одлуки. Неговата зависност почнала со таблети против болки, а хероинот беше неизбежен. Не сакаше толку многу што на крајот на минатата година реши дека е доста и замина на одвикнување. Се врати пред Божиќ како нов човек. Најде нова причина за живот, му се врати насмевката на лицето, стана човек, син, брат и татко кој на сите ни беше потребен, напишала.
Холанд открила дека нејзиниот сопруг повторно ја загубил контролата кога почнал да пие лекови за забоболка.
-Му одеше добро, но пред неколку месеци повторно почна со една таблета против забоболка која го врати на патот на зависноста. Рече дека може да излезе на крај со тоа, дека може да прекине и дека овој пат не му е потребна помош. Но не беше во право. Таткото на моите деца, човекот кој го сакав од детството ја изгуби оваа битка. Морав да ја поделам неговата приказна за да му помогнам барем на некој, напишала.
И нејзиниот сопруг на неговиот Фејсбук отворено пишувал за борбата со зависноста. “Трезен е најдобриот изглед“, напишал во април минатата година до негова фотографија. Во мај објавил две негови фотографии, една од деновите на зависност и една по лекувањето. Истиот месец открил дека тој и сопругата се разделиле, но се решиле да се смират и повторно да бидат семејство.
Фотографијата на насмеаното семејство на Мајк до неговото тело досега е споделена повеќе стотина илјада пати, а Холанд раскажала дека зависниците на улица и приоѓаат и се заблагодаруваат поради тоа што го сторила.
Ново на Сител
-
Влезниците за ЗОИ 2026 поскапи од ОИ 2024 во Париз
-
РФМ: Ракометарките ќе добијат награда од 1.5 милиони денари за пласман на СП
-
Дојави за бомби во две средни училишта во Скопје
-
На Царина запленети автомобили, тутун за наргиле, лекови за животни, цигари и брендирани женски обувки | ФОТО
-
Вашингтон Пост: Маск без успех апелирал до Трамп да се откаже од воведувањето нови царини
-
Кина вети дека ќе преземе решителни контрамерки и ќе се бори докрај со царините на Трамп
-
Вчера 841 сообраќаен прекршок на територија на цела држава, 214 за брзо возење
-
Мицкоски: Наш предизвик и цел како Влада во периодот кој следи, е да го подигнеме социјалниот и економски статус на Ромите