Наскоро тендер за избор на изведувач на топлификацијата во Битола
Проектот за изградба на топлификација во Битола е во тек. Досега се направи физибилити студија, се изготви проектот и се извади градежна дозвола, а следната недела ЕЛЕМ ќе објави тендер за избор на изведувач кој потоа ќе влезе во градба, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по денешната посета на општина Ресен.
Тој појасни дека во процесот на претквалификација ќе можат да се пријават сите заинтересирани компании, а веднаш потоа компаниите кои ќе се квалификуваат ќе може да учествуваат на тендерот по што ќе започне изградбата. Оваа постапка ќе биде објавена и во меѓународни медиуми.
- Средства се обезбедени. Се работи за траса од 12,6 километри на топловод при што ќе се искористи испуштената топлина од производството на електрична енергија . Ќе поминува и ќе биде од корист и за општините Новаци и Могила. Тие ќе може да го користат исто така и за загревање на оранжериите затоа што овие рурални општини имаат и доста оранжерии. Ќе биде од корист и за загревањето на домовите во Битола, ќе биде со пониска цена затоа што се работи за топлинска енергија која и онака се испушта од производството на електрична енергија од РЕК Битола. Сега таа ќе се искористи, истакна Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека се работи за крупен проект од 46 милиони евра. Инвестицијата делумно е обезбедена од буџетот на ЕЛЕМ и делумно од KfW банката.
Груевски потенцира дека овој проект на ЕЛЕМ и на РЕК Битола ќе биде од голема корист за сите. Тој информира за уште еден крупен проект кој е во завршна фаза, а тоа е проектот за набавка на сопствена механизација кој ќе чини некаде околу 34 милиони евра, а можеби на аукцијата, како што рече, ќе се спушти и пониско.
- Проектот ќе биде од корист затоа што нема да има потреба ЕЛЕМ од изнајмување механизација од приватни компании. Проценката е дека можеби за две години ќе се повратат вложените 34 милиони евра затоа што многу средства се употребуваат за ангажман на приватни компании. Средствата во целост ги обезбедува ЕЛЕМ од сопствените заштеди. Тие во последниот период направија големи заштеди во компанијата преку разни реформски чекори. Сега тие средства ќе се употребат во набавка на комплетна механизација која во целост ќе ги замени механизациите кои тие ги користат преку приватни фирми преку изнајмувања, рече Груевски.
Тој потенцира дека само овие два проекти на ЕЛЕМ, едниот од 46 милиони евра и вториот од 34 милиони евра за набавката на комплетната механизација се крупни инвестиции кои ќе имаат повеќенаменско значење.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата