Наскоро четири нови зелени површини во Скопје
Во рамки на проектот за ревитализација и редизајн на зелени јавни површини во градот, во наредниов период во Скопје ќе почне изведбата на четири нови модерни зелени површини – скверови.
Овој проект се реализира изминативе две години од Градот и Центарот за иновации на Град Скопје (Скопје Лаб).
-Главна цел е ревитализација на запуштени јавни површини преку изградба на нови модерни површини (скверови), кои ќе обезбедат поквалитетен простор за релаксација, одмор и дружење на граѓаните. Новите скверови ќе бидат со модерен дизајн, а истите ќе бидат исполнети со многу зеленило и модерна урбана опрема, соопштија денеска од Град Скопје.
Посочуваат дека во рамки на овој проект е спроведена анкета на која граѓаните предлагаа локации кои би биле предмет на целосен редизајн и обнова. Како резултат на овие истражувања, а по предлог на граѓаните, Градот Скопје во наредниот период ќе изгради четири нови модерни јавни површини – скверови на следните локации:
Помеѓу булеварот „Илинден“ и улицата „Никола Тесла“ во Карпош, на површина од 1470 квадратни метри; пред и зад амбуланта „Млин Балкан“ во Центар, на површина од 585 квадратни метри. Помеѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „23 Октомври“, пред Рамстор и Стопанска банка во Аеродром, на површина од 2.000 квадратни метри; и на булеварот „Јане Сандански“ пред слаткарницата „Палма“ во Аеродром, на површина од 1.068 квадратни метри.
Како што информираат градските власти, ревитализацијата на старите и запуштени јавните површини ќе продолжи и во наредниот период на повеќе локации низ Скопје.
Ново на Сител
-
Кавадарци: Со метален предмет го убил својот брат па го закопал во дворот на куќата
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МВР покрена постапка за националистичкото скандирање на Шкендија-Карабах
-
Папата Лав Четиринаесетти го критикуваше глобалниот систем за нуклеарно одвраќање
-
Поради тепачка во Чаир приведени четири лица, меѓу кои и малолетник - Ги нападнале и полициските службеници
-
Пукање на Бит Пазар - Скопјанец повреден од својот сосед поради недоразбирање во сообраќајот
-
11-годишно девојче прегазено во Скопје
-
Матарела: Употребата на нуклеарно оружје е злосторство против човештвото