-->
-->
Насилно исфрлен патник од авион бидејќи стјуардесите немале каде да седнат
-->

Патник во авион на американската авиокомпанија Јунајтед Еирлајнс насилно е исфрлен од летот Чикаго – Луисвил откако одбил сам да излезе затоа што стјуардесите немале каде да седнат.
Една од патничките, Аудра Бриџес изјавила дека вработените замолиле еден доброволец да го препушти своето место уште при влегувањето во авионот, нудејќи му 400 долари и хотелско сместување. Но, откако сите патници се сместиле, стјуардесите побарале од четирили лица да излезат од авионот, затоа што вработените од компанијата требале да отидат во Луисвил за да се качат на друг лет.
Компанијата понудила компензација од 800 долари и ноќевање во хотел, но откако никој од патниците не ја прифатил нивната понуда, компјутерски одбрале кои патници мораат да го напуштат авионот.
Тројца патници излегле мирно од авионот, но еден доктор одбил да го напушти авионот дури по разговор со полицијата.
Бриџес тврди дека мажот кој насилно го исфрлија од авионот, се вратил внатре со крвава глава, а таму му пружиле лекарска помош, додека другите патници биле вратени назад на аеродромот за вработените да го исчистат авионот пред полетувањето. Поради настаната ситуација, летот доцнел два часа.
На снимките кои другите патници ги објавија на социјалните мрежи се гледа како тројца полицајци со сила го извлекуваат лекарот од авионот и го влечат по подот.
Според лекарот, тој исто така требал следниот ден оди на работа во Луисвил.
По инцидентот компанијата се извинила поради пребукираниот авионот.
-За другите детали за патниците обратете во полиција, соопшти портпаролот на авиокомпанијата.
Голем број од патниците во авионот, по инцидентот кажале дека веќе не планираат да патуваат со Јунајтед Еирлајнс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Орбан: Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот, но нејзиниот колапс не е во интерес на Унгарија
-
Сиљановска-Давкова: Во свет заснован на сила, а не на право, сè уште водиме битка за рамноправна, европска и правна држава, членка на Европската Унија
-
Ден на независноста – 34-годишнината се одбележува под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“
-
Автобусите на ЈСП - Скопје сообраќаат по неделен возен ред
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Трамп најави средби со европски лидери за Украина и нов разговор со Путин
-
Нови прoтести на студентите во блокaдa зaкaжани за денеска во Белград и во Нови Сад
-
Евробаскет 2025: Селекторот на Италија поднесе оставка