Насилник претепал ученик со посебни потреби, а наставникот не преземал ништо
Мајка од Тексас на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавила вознемирувачки фотографии од нејзиниот претепан син, момче со посебни потреби. Нападот се случил во средното училиште „Ресник“ во Сан Антонио.
Според американските медиуми, Валери Ен Лозано, на својот фејсбук профил објавила вознемирувачка фотографија од момче кое лежи на плочник, опкружено со крв. Мајката на момчето тврди дека детето било претепано од насилник во училиштето и покрај тоа што нејзиниот син претходно побарал помош од наставникот за физичко образование, бидејќи насилникот му упатувал закани.
Според тврдењата на разочараната мајка, наставникот му ветил на момчето дека ќе го заштити, но подоцна не направил ништо за да го спречи бруталното тепање. Следниот ден, Валери Ен Лозано била на состанок со директорот на училиштето, заедно со нејзиниот син. Според нејзините тврдења на состанокот бил повикан и наставникот, но тој не се појавил.
„Сакам нешто да се направи бидејќи наставникот знаел дека мојот син ќе биде нападнат, но тој не направил ништо во врска со тоа“, напишала мајката. Нејзината објава предизвикала големо внимание на „Фејсбук“ и била споделена повеќе од 250.000 пати.
Поради инцидентот, училиштето издаде соопштение во кое се наведува дека двајца ученици се степале, при што дошло и до полициска интервенција, а поради тепачката и против двајцата ученици биле покренати дисциплински мерки.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња