Насилниците му се потсмеваа и го нарекуваа „детето - зајак“: Конечно дојде крај на неговиот кошмар
Пред пет години Еван Хил, дете од Нов Зеланд главно беше познат како „детето зајак“ зошто со тоа име му се потсмеваа силеџии поради неверојатно големите предни заби.
Предните 4 заби на ова момче биле толку големи што не можел да ја затвори устата, а неговите родители немале доволно пари да му направат дентална операција, која му била неопходна за Еван да функционира нормално.
Неговат амајка дури изјавила дека размислувала да ја стави под хипотека куќата само за да плати операција за синот.

И тогаш приказнат ана Еван стана вирална и почнаа да стигнуваат не само писма со поддршка туку и финансиска помош.
Илјадници луѓе од цел Нов Зеланд како и странци испраќале помош за Еван.

Неговата операција чинела 100.000 долари, а со сите донации имало и повеќе од тоа. По пет години редовно одење на стоматолог и хирург на Еван конечно му е отстранета протезата по операцијата и веќе има прекрасна насмевка.
-Не знам што би правеле денеска без толку великодушни луѓе, рече мајката на момчето и додаде дека од преостанатите пари е направен фонд за помош на други деца кои имаат дентални проблеми.
Ново на Сител
-
Вечерва се спушта завесата на Охридско елто
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Владата објави дека наследиле рекорден број арбитражни постапки
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума