Насилнички протести во Лондон во ноќта на Халовин

Британската Метрополитен полиција соопшти дрка во текот на ноќта имало жестои судири меѓу специјалната единица за улични немири и поголема група насилни демонстранти.
Во судирите, кои завршиле во раните утрински часови има најмалку четворица повредени полицајци, како и едно цивилно лице, кое случајно се нашло на улица, во реонот на најжестоката пресметка.
Полицијата соопшти дека десетици лица се уапсени и задржани на сослушување.
Уличните судири избувнаа доцна синоќа кога полицијата пристигна на една адреса во општината Ламбет, што е дел од поширокиот централен дел на Лондон, за да го прекине прославувањето на Халовин (Ноќта на вештерките).
Полицијата не соопштила зашто интервенирала, но веднаш потоа, полицајците биле нападнати.
Разгневената маса луѓе, фрлале „Молотови коктели“, стаклени шишиња и столчиња кон полицајците. На најнасилните демонстранти им се приклучиле и други, па толпата трганала низ улиците од тој дел на британскиот главен град, оштетувајќи паркирани автомобили и излози на продавници.
Во полициското соопштение се вели дека прославата на Халовин била запрена, како и дека е воспоставена контрола во реонот на насилствата.
Ново на Сител
-

МВР: За осум месеци блису 390 000 казни од „Безбеден град“
-

Реконструкцијата на охридската гимназија ќе продолжи следната година
-

„Текстилијада“ во Штип, десет години глас за работниците
-

Лидерот на СДСМ упати остри обвинувања за изолација и навреди кон премиерот
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Климатските промени и војната на Блискиот Исток ќе ја поскапат храната
-

Кoс: ЕК на 6 октомври ќе предложи нови идеи за постепена интеграција во ЕУ
