Нашле девојка на улица изгледала како да ја запоследнал ѓавол, а вистината уште позастрашувачка!

Случајни минувачи останале во шок кога во среде бел ден на улица здогледале девојка која се однесува како во неа да влегол ѓаволот. Кога и се приближиле виделе дека девојката се однесува некотролирано, како да пртобува да тргне нешто од себе.
Иако сцената е навистина страшна и изгледа како од филмот „Егзорцизам“, вистината е дека девојката конзумирала една од најопасните дроги на светот, ЛСД.
Лизергинска киселина (ЛСД) излегла од лабараторијата Сандоз и е претставена како дрога намената за користење во психијатриите, на почетокот се покажала како ветувачка супстанца во лечењето на тешки психички пореметувања и како таква почнала да се користи под строг надзор во некои психијатриски установи.
Како почна ЛСД-то да излегува во јавноста така почнала и неговата злоупотреба, потоа бил забранет за користење за било какви потреби, медицински, рекреативни или спиритуални. Без оглед на тоа, во некои интелектуални кругови ЛСД-то се смета за ветувачка дрога. Одредени организации даваат поддршка за ЛСД како Beckley Foundation, MAPS, Истражувачкиот институт Heffter, Albert Hofmann Foundation за негово истражување за користење во медицински потреби. Користењето ЛСД може да предизвика трајни последици, како што се шизофренија, параноја или тешка депресија и конечниот епилог воглавно може да биде самоубиство.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
