Нашиот Мато наполетано повторно помеѓу светската елита
Вeчерва, на гала настан одржан во театарот Маркаданте во Наполи беа прогласени 100 најдобри пица ресторани во светот за оваа година. Светската престолнина на пицата уште еднаш беше домаќин на сите глобално релевантни производители, пица експерти, инспектори и познавачи.
Уна Пица Наполетана од Њу Јорк е најдобра пицерија во светот за 2024, следена од наполитанската Диего Витаљано на второто место и Масаниели од Касерта Италија на трето место. Веќе традиционално помеѓу наградените е и нашиот единствен претставник на светската гастрономска мапа,скопската гордост - траториа Мато Наполетано. Годинава тие се рангирани на 81 место помеѓу 100 најдобри пица ресторани во светот.
“Ова глобално признание заокружува една неверојатно успешна година за нас. Претходно годинава во Мадрид а бевме прогласени за 16-та најдобра пицерија во Европа 2024 бележејќи го нашиот историски највисокиот пласман онаму каде знаете дека конкуренцијата е најсилна. Дополнително од тогаш гордо ја носиме и наградата од Перони за “најдобар пиво сервис” за 2024 година во Европа. Сега еве и овој веќе традиоционален исклучително значаен пласман помеѓу светската елита става Бурата на крајот за 2024, барем кога признанијата се во прашање“, велат низ шега од Матто Наполетано.
Траторијата Матто Наполетано е единствен ресторан од Македонија и само еден од двата во нашиот поширок регион која неколку години по ред се наоѓа на оваа престижна листа. Рангирањето и наградувањето традицонално го врши најпрестижната меѓународна организација од Италија низ строг процес на проверка од страна на анонимни инспектори на сите аспекти од понудата и работењето во текот на целата година.
Ново на Сител
-
Вучиќ предлага референдум: Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот
-
Харис ќе го поддржи Западен Балкан во интеграциите, Трамп вети засилена безбедност во регионот
-
Ахмети: Ако изгубам на избори, ќе се повлечам од политиката
-
31 годишник бранејќи се од дива свиња се самозастрелал во штипско
-
Се пренасочува сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце
-
Американците се обложиле во 100 милиони долари на Трамп против Харис
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО-ДПМНЕ
-
Конференција 75 години НАТО