Насер Ориќ ослободен од обвинувањата за воени злосторства
Суд во Босна и Херцеговина денеска го ослободи воениот командант на босанската Армија, Насер Ориќ од обвинувањата за злосторства врз затвореници од српска националност на подрачјето на Братунац и Сребреница.
Босанското Јавно обвинителство покрена обвинение против Насер Ориќ и припадникот на Армијата на БиХ, Сабахудин Мухиќ на 27 август 2015 година.
Според обвинението, Ориќ и Мухиќ беа осомничени дека во 1992 година убиле тројца затвореници од српска националност во местата Залазје, Лолиќи и Куњерац.
Насер Ориќ беше уапсен на 10 јуни 2015 година на границата меѓу Франција и Швајцарија по барање на Србија, која распиша потерница протв него во 2014 година.
Неколку дена по апсењето, Србија поднесе барање за екстрадиција од Швајцарија. Меѓутоа, такво барање поднесе и Обвинителството на БиХ, кое тврдеше дека против него води истрага седум години. Ориќ е испорачан во БиХ.
Хашкиот трибунал во 2006 година го осуди Ориќ на две години затвор за злосторства извршени на подрачјето на Сребреница и околните села од декември 1992 до март 1993 година. Меѓутоа, во 2008 година Апелацискиот совет на Трибуналот ја поништи пресудата со образложение дека Судот „ги немал сите неопхосни докази“ за осудување на Ориќ по командна одгооврност.
Ново на Сител
-
Приведен маж од Тетовско поради приредување игри на среќа без лиценца
-
ИДФ нареди евакуација на 35 области во јужен Либан
-
„Андроид 16“ би можел да го носи кодното име „Баклава“
-
Последен пат ја виделе неандерталците: Комета, што се појавува еднаш на 80.000 години, месецов е на небото над Земјата
-
Судот на правдата на ЕУ ја одби жалбата на забраната за давање адвокатски услуги на руски субјекти
-
Пандов: Еден осуденик државата ја чини над 10 илјади евра годишно
-
ЦУК: 11 пожари на отворено, девет пожарникари дежураат кај зградата во Чаир
-
Во Визбегово се убиваат улични животни и миленици со огнено оружје, предупредува Анима Мунди