НАСА: Престојот во вселената подмладува
Американската вселенска агенција НАСА ги објави првите резултати од експериментот со набљудувањето на Скот Кели, кој повеќе од една година престојуваше на Меѓународната вселенска станица (ИСС), и на неговиот брат близнак Марк Кели, кој е на Земјата.
Медицинските прегледи на астронаутот Скот Кели откако се вратил дома, водат до заклучок дека престојот во Вселената, од засега непознати причини, предизвикува процесот на стареењето на клетките или целосно да запре или дури и да почне да тече во обратен правец, пишува порталот „Спејс“.
Во соопштението на НАСА се вели дека „теломерите на Скот Кели почнаа да се издолжуваат во Вселената, што може да се поврзе со намалената употреба на храна и повишената физичка активност на платформата на ИСС. Но кога тој се вратил на Земјата, теломерите одново почнале да се намалуваат".
Теломерите се завршетоци на хромозомите, коишто ги заштитуваат од оштетување или „трошење“, и во текот на животот на човекот постепено се скратуваат.
Споредбената анализа на крвта на еднојајчените близнаци покажа и други занимливи резултати. За време на престојот на Скот Кели во Вселената, се скратила брзината и прецизноста на неговата меморија, се наголемиле и забрзале инфламаторните процеси, се зголемило нивото на мастите и хормоните во телото, а му се сменил и составот на микрофлората во неговите црева. По враќањето на космонаутот на Земјата, сите тие промени во неговиот организам се вратиле во нормалните параметри.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници