НАСА најави откритија вон Сончевиот систем

Американската вселенска агенција НАСА најави за 22 февруари голема прес-конференција на која ќе соопшти за своите најнови откритија вон Сончевиот систем.
Се окекува НАСА да објави откритија за бројни информации за егзопланети - планети што кружат околу ѕвезди вон Сончевиот систем.
Егзопланетите (вонсоларни планети) моментно претставуваат вселенски тела во кои се „вградени“ големи надежи кога е во прашање живот во Вселената, бидејќи за многумина од нив се покажало дека личат на Земјата и може да имаат услови за живот, објави „Индепендент“.
Конференцијата на НАСА ќе биде пренесувана во живо и се очекува на неа да присуствуваат астрономи и научници од цел свет.
НАСА најави дека публиката ќе може да поставува прашања за време на преносот користејќи го хаштагот #AskNasa, а по конференцијата ќе биде отворена и АМА (Ask Me Anything) дебата на сајтот reddit/com.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
