НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа | ВИДЕО

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА го лансираше вселенското летало „Европа Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа, каде што, се верува, може да има услови за развој на вонземски живот во огромниот океан под ледената површина.
Со своите шест тони, најголемото летало што НАСА некогаш го изградила за меѓупланетарна мисија, „Европа Клипер“ ќе патува пет и пол години до Јупитер, каде што ќе влезе во орбитата на оваа огромна гасовита планета и ќе ѝ се доближи на нејзината ледена месечина. Вселенското летало полета ракета „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, САД.
https://
Тој вселенски лет е долг повеќе од три милијарди километри и ќе трае до 2030 година.
На пат кон Јупитер, доколку не се јават непредвидени проблеми, вселенското летало прво ќе мине и покрај Марс и ќе се врати во орбитата на Земјата пред „да се катапултира“ кон Јупитер.
Научниците се речиси сигурни дека има длабок замрзнат океан под ледената обвивка на Европа и укажуваат дека онаму каде што има вода, може да има и живот, што ја прави оваа месечина едно од посоодветните места за потрага по услови за живот. Сепак, како што соопшти НАСА, „Европа Клипер“ првично нема да бара облици на живот бидејќи нема детектори и инструменти за таков вид истражување.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ e едно од повеќето функционални решенија зa градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар
-

ОН документира сексуално насилство и тортура извршени од руските сили во Украина
-

ЦУК: Нема активни пожари, еден под контрола
-

Македонската кикбокс репрезентација опатува на Светското јуниорско првенство во Лидо, Италија
-

Почина Томче Филиповски, поранешен легендарен фудбалер на скопски Работнички
-

Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се жртвуваат за земјата
-

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци
-

Кривичен за „Ласкарци“: Боваровски се ослободува од издржување на казната затвор до донесување на нова одлука
