Нарушувањата на јавниот ред и мир во Крива Паланка и Ранковце зголемени за 65 отсто
Нарушувањата од областа на јавниот ред и мир на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце во првото полугодие од годинава се зголемени за 65 отсто споредено со истиот период лани.
Во првите шест емсеци од 2018 година се регистрирани 66 прекршоци на јавниот ред и мир, додека лани таа бројка изнесувала 40.
Според податоците во Информацијата на превземени мерки и активности на Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка за првите шест месеци од 2018 година, зголемен е и бројот на сторители, и тоа за речсии 50 отсто. Поднесени биле 66 барања против 103 сторители, додека лани бројката на истите изнесувала 69.
Најголем пораст се бележи кај регистрираните физички напади, чија бројка е зголемена за 92 отсто, односно во извештајниот период се регистрирани 27 прекршоци, за разлика од минатата година, кога се регистрирани 14. И бројот на тепачки е двојно зголемен, регистрирани се 14, а лани во истиот период имало само девет.
Намалување се бележи единствено кај прекршоците „фрлање, кршење разни предмети“, па во ова полугодие на 2018 е регистиран само еден, а лани имало три такви прекршоци.
Ново на Сител
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог
-
Се запалил автомобил на Бит Пазар, нема повредени
-
20-годишен скопјанец нападнат по недоразбирање во сообраќајот
-
Делови од Центар и Гази Баба утре без вода
-
Кикбоксерите пример за промоција на крводарувањето во Македонија
-
Успешна кикбокс завршница на ВАКО светскиот кикбокс куп “Италија 2025”
-
Јанкуловски: Холокаустот е потсетник за страшните последици од нетолеранцијата, омразата и дискриминацијата
-
Ринкевичс: Европските земји мора да воведат задолжителен воен рок