Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави претседателот Доналд Трамп во коментар за новинарите во претседателскиот авион за време на патувањето од Лас Вегас за Флорида, јави ДПА.
„Верувам дека прашањето на Гренланд ќе се реши со наше учество. Мислам дека ќе го добиеме. И мислам дека луѓето сакаат да бидат со нас, како што знаете. Таму има 55.000 луѓе кои сакаат да бидат со нас“, рече Трамп.
Тој додаде дека всушност не знае какви претензии има Данска за автономната територија, но евентуалното одбивање од нејзина страна да се согласи со американските предлози би било „непријателски чин“.
Премиерот на Гренланд, Мут Егеде вели дека народот ќе одлучи за иднината на територијата. Данскиот премиер Мете Фредериксен ги поддржува неговите коментари.
„Фајнанешеј Тајмс“ објави дека Трамп непосредно пред дастане претседател имал жесток телефонски повик со данската премиерка Мете Фредериксен во врска со неговите барања да го купи Гренланд. Говорејќи за Фајненшл тајмс, официјалните лица рекле дека Трамп разговарал со Фредериксен 45 минути, за време на кои бил агресивен и конфронтирачки во врска со одбивањето на Фредериксен да го продаде Гренланд на САД.
„Фајненшл тајмс“ објави дека според петмина сегашни и поранешни високи европски функционери кои биле информирани за повикот, разговорот „бил ужасен“. Едно лице рекло: „Тој беше многу цврст. Тоа беше ладен туш за нас. Порано беше тешко да се сфати сериозно. Но, мислам дека е сериозно и потенцијално многу опасно“.
Друго лице кое беше информирано за повикот изјави за медиумот: „Намерата беше многу јасна. Тие тоа го сакаат. Данците сега се во кризен режим. Данците се во бунило од оваа ситуација“.
Според еден поранешен дански функционер, повикот бил „многу тежок разговор“ во кој Трамп „се заканил со конкретни мерки против Данска, како што се насочени тарифи“.
Трамп претходно изјави дека САД треба да го контролираат Гренланд и одби да ја исклучи можноста за употреба на американската воена сила за преземање на територијата. За време на прес-конференцијата пред неколку недели, Трамп рече дека на САД им е потребен Гренланд „за економска безбедност“. Арктичкиот остров од 836.300 квадратни милји (2.166.007 квадратни километри) е богат со нафта и гас, како и со различни суровини за зелена технологија.
Говорејќи за ТВ 2 претходно овој месец, Фредериксен рече дека автономната територија „не е на продажба“, додавајќи: „Гледано низ очите на данската влада, Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните“.
Во 1953 година Гренланд стана дел од Кралството Данска, а во 1979 година беше воведена домашната управа. И покрај тоа што Данска ја контролира надворешната и безбедносната политика на Гренланд, Гренланд има свој парламент. Данска обезбедува одбрана и ја контролира надворешната политика на островот.Географската локација на Гренланд е клучна, а се верува дека островот е богат со ресурси и витални природни минерали.
Во своите коментари, Трамп изјави дека САД „ќе го добијат Гренланд“ бидејќи тоа е поврзано со слободата на светот и дека САД се единствената сила што може да ја обезбеди таа слобода.
Ново на Сител
-
Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
-
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
-
Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите
-
Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот