Народниот театар од Охрид премиерно ќе ја изведе претставата „Дух“
Народниот театар од Охрид вечерва премиерно ќе ја изведе претставата „Дух“, работена според текст на Дејан Дуковски, а во режисерска поставка на Сашо Миленковски.
Претставата „Дух“ е потрага по одговор на прашањето за тоа што се случува со обичниот човек кога ќе се помине прагот на толеранцијата…од разно,разни криминални структури. Човек тогаш оди по пат и убива…што не е изненадувачки кога се работи за криминалци, но тоа да го прават обични луѓе?
Ова е повторна режисерска поставка на Сашо Миленкоски на текст на Дуковски, со кого веќе соработувале на веќе култните претстави „Буре барут“ и „Балканот не е мртов“.
Охридскиот театарски ансамбл овој пат е освежен со двајца актери од надвор. Верица Недевска која е од Охрид, а живее во Прага и со Јовица Михајловски од Драмскиот театар во Скопје. Останатите улоги ги толкуваат Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Адријана Билаловиќ Тодороска, Елизабета Стефановска, Павел Маслов, Филип Кипровски и Митко Серафимоски.
Сценографијата и костимографија се на Владимир Симоноски, ко-автор на музиката е Александар Гулевски. Во претставата е вклучен и Градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ под диригентство на Бурим Хидри.
Премиерната изведба е од 20 часот на Mалата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“, со редуциран број гледачи поради протоколите за Ковид-19. Репризно претставата ќе биде на матичната театарска сцена и утревечер во истиот термин. 9
Ново на Сител
-
Измени во Законот за тутун за заштита на домашното производство: Забранет е увоз додека трае откупот
-
Најмногу дожд во Крива Паланка
-
Гевгеличанец при претрес фатен со 26 грама кокаин, ја искинал наредбата за претрес во неговиот дом пред полицајците
-
ЦУК: Нема активни пожари на отворен простор, изгаснати 11
-
Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа
-
Медведев предупредува на понатамошни чекори откако Москва се откажа од мораториумот за ракети со краток и среден дострел
-
Американската администрација обвинета за криење штрајк со глад во затвор за мигранти
-
Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи