-->
-->
Народни верувања за духовниот понеделник - Еве што треба да направите денеска!
-->

Денеска е втор ден од празникот Духови и овој ден како и вчерашниот се смета за голем и тежок празник.Ова е роденден на црквата и обичај е да се бере цвеќе и со него да се украсуваат храмовите, но и домовите.
Народните верувања за овој ден се различни во различни делови на земјата, но има и некои кои се поклопуваат. Имено се верува дека девојките кои ќе се измијат со водата во која стоело цвеќето од кое се плетат венчињата за овој празник, цела година ќе имаат чисто и бело лице.
Момчињата пак кои од девојките ќе бидат дарувани со венче од цвеќиња, годината ќе ја завршат како младоженци.
На овој ден по никоја цена во домот не смее да се работат тешки работи, ниту со игла, бидејќи тоа би значело непочитување на апостолите и светците и не обраќање внимание на нивните зборови.
Во некои делови, обичај е на овој ден семејството да се сети на починатите и да им приредат симболична трпеза, како би го сочувале домот од злите сили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Светските лидери се среќаваат во Давос - геополитиката ја засени економијата
-

Анел Фидоски е нов шеф на скопското Обвинителсво
-

Премиерот Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос
-

Дебата за надзорната функција на Собранието
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
