Народни верувања: Чудата на Свети Еразмо, како оживеа починато дете

Свети Еразмо направи разни чуда со силата на Христос кој делуваше во него. Во тие чуда на слепи даваше вид, разболените од разни болести ги лекуваше. Имаше и некој благородник и првенец на овој град (Лукридон), по име Анастас, чиј син лежел мртов, а неговото тело го носеа да го закопаат. За ова му беше кажано на Свети Еразмо за да го воскресне и да им го предаде на родителите. Доаѓајќи до неговиот гроб, блажениот рече: „Анастасе, ако ти веруваш во Господа Исуса Христа, родениот од Светиот Дух и девицата Марија, ќе ти го воскреснам синот.“ Настана голема мешаница во народот кој присуствуваше, вчудовидувајќи се на очекуваното. Тогаш Анастас рече: „И ти можеш да го воскреснеш син ми?“ Светиот Еразмо рече: „Не јас туку мојот Господ Исус Христос, кому јас сум му роб!“ Анастас рече: „Ако ми го оживееш син ми, ќе поверувам и јас и мојата куќа и сиот овој народ.“ Кон ова Светиот Еразмо рече: „Симнете го мртовецот од ковчегот!“ Потоа учтиво им нареди на неговата мајка и на татко му да го придржат, и клекнувајќи над телото викна со силен глас и рече: „Детенце, воскресни!“ Детето воскресна и викна гласно: „Голем е Богот на христијаните!“ И свртувајќи се кон татко му рече: „Татко, досега грешевме, Боговите што ги почитувавме не се ништо, ги видов во адот како немаат мир од маките. Богот на овој Свети Еразмо е голем.“ Така поверува Анастас и целата негова куќа и во тој час од присутниот народ се покрстија околу 40 милјади луѓе.
Од Првото житие на св. Еразмо.
Од книгата „Чудата на Свети Еразмо“, од д-р Стојан Ристески, Струга 2015.
Ново на Сител
-

Истрага за сексуална злоупотреба на 12-годишно девојче во Битола
-

Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
-

По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
-

Силен земјотрес во Егејското Море
-

Меџити: 100 нови контејнери за почист и поуреден Чаир
-

Иран тврди дека договорот за прекин на конфликтот би довел до повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Војската на САД соопшти дека соборила ирански дронови во Ормуската Теснина
-

СП 2026: Бразил без Нејмар против Мароко
