Народната медицина може некогаш убие: Почина човек откако испи лек против реума
Милош Милуновиќ (60) од Србија почина во неделата вечерта откако испил алкохолен мелем за реума. Во болницата завршија и тројца момци кои во текот на вечерта го испиле истиот напиток.
Четворица пријатели се пронајдоа во четвротокот во домот на Драган Петровиќ во Мрчајевци, каде домаќинот им донесе флаша во која мислел дека има ракија. Иако имале тенденција дека е добро вино, на четворицата веднаш им се слошило откако ја испиле само првата чашка.
Не знаеја што им се случува. Велат дека добиле силни халицунации. Им се чинело како ѕидовите и предметите во куќата да се поместуваат.
Најлошореагираше Милуновиќ, па присутните некако успале да повикаат Итна помош, која го однела во блиската болница. Не така долго потоа во болницата се најде и Петровиќ додека останатите двајца си заминале дома.
Еден од нив по неколку часа се соблекол и почна да се фрла по земја мислејќи дека се капе во море. Станарите го гледела во шок, но сепак можел да замине на лекар“, вели еден од четворицата пријатели.
Неколку часа подоцна на журка кај неговата ќерка пристигнале десетина другари и таа им ја понудила ракијата која останала на столот. Петмина на возраст од 17 до 20 години, пробале една голтка па веднаш почувствувале дека нешто чудно се случува.
Дотрчаа две девојки и рекоа дека на нашите двајца синови не им е добро. Набрзо и тие се појавија и видеа дека се целосно избезумени. Зборуваа неповрзано, мрмореа, повремено беа и агресивни. Веднаш повикав Итна помош и заедно со тројцата момци од журката се упатив кон болницата во Чачак. Ги упатија на одделението за неуропсихијатрија, каде беа хоспитализирани и врзани. Цело време имаа халицунации и беа видно вознемирени. Само по неколку часа успеаа да им дадат инфузија, по што се смирија.
„За среќа го почувствуваа ефектот на пијалокот по само една голтка. Ако испиле повеќе, можеле кобно да завршат“, вели таткото на двете момчиња кои го конзумирале халуциногениот напиток.
Милош Милуновиќ како долгогодишен тежок срцев болесник е префрлен на одделението на интезивна нега. По 24 часа му било подобро, халуцинациите речиси да престанаа, но во неделата повторно се разболел и починал. Очигледно сите пиеле мелем за реума, кој бил подготвен од од мајката на Драган Петровиќ, која ни на крај памет не помислила дека некој може да го искористи како пијалок.
Ново на Сител
-
Болсонаро е под 24-часовен полициски надзор поради ризик од бегство
-
Сончево и потопло со мала до умерена облачност
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров