Народна банка: „Фич“ потврди растат на девизните резерви и стабилност на среден рок
– Девизните резерви растат и се очекува дека нивното ниво ќе биде стабилно и на среден рок. Курсот на денарот исто така е стабилен и е закотвен за еврото. Макрофинансиската стабилност на земјава е задржана, ова се наведува за монетарниот дел во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, којашто го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+, велат од Народната банка на Република Северна Македонија.
-Започнуваме со откуп на девизи на домашниот пазар. Девизните резерви од јули годинава бележат раст, како резултат на помалата побарувачка на девизи од страна на енергетските компании, зголемените дознаки од странство, како и приливите врз основа на владиното финансирање од надвор. Во септември девизните резерви се над нивото на кое беа на крајот на минатата година. Очекувањата на кредитната агенција се дека тие ќе бидат стабилни до крајот на годината, како и на среден рок во 2023 ‒ 2024 година, се вели во соопштението.
Додаваат дека на располагање останува и репо-линијата од Европската централна банка од 400 милиони евра, а тука е и двегодишната линија за претпазливост и ликвидност на ММФ од 530 милиони евра, којашто, како што велат ќе придонесе за помали трошоци за државно финансирање од надвор.
–Во извештајот се посочува дека инфлацијата, којашто од почетокот на годинава во просек изнесува 12,4 проценти, се должи на растот на цените на енергијата и на храната, коишто учествуваат со над 50 отсто во потрошувачката кошничка. Очекувањата на Агенцијата се дека со стабилизирањето на цената на енергентите, од следната година инфлацијата ќе започне да се намалува. Ризиците за ова сценарио се нови ценовни шокови, очекувања за подолготрајна инфлација и притисоци преку раст на платите, велат од Народната банка.
Во Извештајот на „Фич“ се бележи дека Народната банка од април започнала со зголемување на основната каматна стапка, којашто во неколку наврати е покачена за вкупно 2,25 процентни поени и сега изнесува 3,5 отсто. Во отсуство на притисоци врз курсот, велат дека монетарната политика е насочена кон справување со инфлациските очекувања.
-Банкарскиот сектор е соодветно капитализиран, се наведува во извештајот за кредитен рејтинг. Нефункционалните кредити се на историски најниските нивоа и се намалуваат. Како дополнителна мерка на претпазливост и задржување на стабилноста на финансискиот систем, Народната банка донесе одлука за воведување противцикличен заштитен слој на капиталот, којшто ќе почне да се применува од август 2023 година, се вели во соопштението од Народната банка.
Ново на Сител
-

ЕУ почнува преговори со Западен Балкан за вклучување во зоната „Роаминг како дома“
-

Меџити за најавената реконструкција на Владата: Деновиве треба да разговараме за принципите и дали ќе одиме со промена на ресори и имиња
-

Клековски: Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, има значителен пораст на бројот на интервенции, пристапот се подобрува
-

Се намалува бројот на склучени бракови, а се зголемува на разводите
-

Приведени двајца дрвокрадци во липковско, пронајдено огревно дрво без документација
-

Смртно затрелан албански полициски специјалец, друг ранет, во акција за апсење на барано лице
-

Миланов: Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин
-

БИА го советува Вучиќ да не патува во Тиват
