Народна банка добитник на наградата на „Комерцбанк“ за 2019
Народна банка е добитник на наградата на една од водечките меѓународни деловни банки во Европа, „Комерцбанк“ за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери.
Како што соопшти Народна банка, главни критериуми при изборот на добитниците на оваа традиционална годишна награда на „Комерцбанк“ се бројот на обработени трансакции и квалитетот на форматот и структурата на свифт-пораките, во согласност со стандардите на СВИФТ. Оттука, таа претставува и признание за висока усогласеност со меѓународните стандарди на СВИФТ за автоматизирана електронска обработка на прекуграничните комерцијални плаќања и финансиските трансфери без потреба од мануелна интервенција, што придонесува за висока ефикасност при обработката на плаќањата.
– Оваа награда ја одразува и цврстата определба на Народната банка за постојано вложување во ресурси за унапредување на интерните системи со цел да биде во чекор со најновиот технолошки развој во финансиската и особено во платежната сфера, преку веќе воспоставените решенија за електронско банкарство за плаќањата на државата и државните органи, стои во соопштението од Народна банка.
Во конкуренција за наградата секоја година се голем број институции и компании со коишто „Комерцбанк“ соработува на меѓународно ниво, а се доделува исклучиво на оние коишто имаат достигнато многу високо ниво на квалитет во областа на плаќањата. Соработката меѓу Народната банка и „Комерцбанк“ од Германија е во доменот на извршувањето на платниот промет со странство за државата и државните органи, како и во процесот на порамнување трансакции поврзани со управувањето со девизните резерви, каде што „Комерцбанк“ е кореспондентна банка на Народната банка за прекуграничните плаќања.
– Народната банка и натаму ќе биде посветена на унапредување на квалитетот во сферата на плаќањата и финансиските трансфери, а веќе активно се работи и на нова стратегија за развој на платниот систем, којашто ќе ги дефинира стратешките насоки на дејствување во следните пет години, насочена пред сè кон спроведување на новата законска рамка со која се усогласуваме со регулативната рамка на ЕУ во платежната сфера. Ова ќе даде поттик за зголемување на иновациите, конкуренцијата и дигитализацијата на плаќањата, се вели во соопштението од Народна банка.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп