Наредната недела нова цена на стандардниот приклучок за струја
Регулаторната комисија за енергетика наредната недела ќе објави нова цена за стандардниот приклучок на струја, којашто, според претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, ќе биде пониска од 400 евра, како што беше претходно најавено.
Бислимоски денеска информираше дека е во завршна фаза усвојувањето на новите цени за приклучоците.
– Ветивме дека тоа ќе почне од 1 октомври, но во последниот период го препроверуваме ценовникот што ни го достави ЕВН и во текот на наредната недела ќе ги објавиме новите цени, пониски од тие што ги најавивме и тоа е причина што малку го одолговлековме ова усвојување. Наредната недела ќе бидат објавени новите цени за стандардните приклучоци за струја кои ќе бидат пониски и од најавената сума од 400 евра. Исто така ќе објавиме и дека кај 90 проценти од потрошувачите ќе има намалување на цените за приклучоци кои ќе бидат пониски од најавените 400 евра. Ќе има дополнителни намалувања. Во завршни дискусии сме со претставниците од Електродистрибуција, рече претседателот на РКЕ, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.
РКЕ претходно најави дека во текот на август годинава ќе го одобри новиот ценовник, со кој трошокот за стандарден приклучок ќе се намали од 500 на 400 евра и ќе го зголеми опфатот на стандардни приклучоци, со цел да има поголем број граѓани кои при приклучувањето на куќите ќе може да ги намалат трошоците.
Во општините каде од разни причини советите не донеле соодветна планска документација, што беше предуслов за да се стекне некој со правото за „стандарден приклучок“, ќе може да се стекнат со таков статус новите корисници кои ќе се приклучуваат на мрежата, доколку се утврди дека се изградени повеќе куќи и има повеќе потенцијални баратели. Со тоа нема повеќе да влегуваат во категоријата „нестандардни приклучоци“ и да добиваат трошок за приклучување од три, четири, пет, па и шест илјади евра во зависност од побараната едновремена моќност, оддалеченоста од мрежата и од реалните трошоци на операторот на дистрибутивниот систем.
Бислимоски информираше дека РКЕ мината недела донела и измени на Методологијата за цените на нафтата и нафтените деривати, како обврска од постоечкиот Правилник.
– Имавме период да ги коригираме густините, да направиме контрола и во тој дел прифативме одредени барања од трговците и ја увидовме фактичката состојба, но со цел да нема влијание на цената маржата од 5,8 денари ја намаливме на 5,6 денари, како и трошокот за транспорт којшто беше 23 долари сега е 20 долари за тон. Сведоци сте дека во текот на вчерашниот ден кога ја донесовме одлуката за цени на нафта и нафтени деривати немаше никаква промена на цената, тоа беше вообичаена постапка. Во сл
Ново на Сител
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава
-
Вардар ја засили дефанзивата со Словакот Михаил Пинтер
-
Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар–Кичево преку Стража
-
Измамена Охриѓанка за 300.000 денари - И кажал дека има пари на сметка од Биткоин
-
Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети
-
Аеродромот во Тирана за единаесет месеци го користеле над 100 илјади македонски државјани
-
МНР: Ќе се зголемува процентот на амбасадори од редот на професионалните дипломати, мандатот ќе биде четири години
-
Ристески: Преку 100 производи ќе се најдат во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг