ОН: Напредок во преговорите за Кипар во Кран Монтана

Има напредок по прашањето за повторно обединување на Кипар, соопшти портпаролот на ОН во соопштение лиферувано по серијата вчерашни средби на високо ниво во швајцарското одморалиште Кран Монтана, пренесоа француските медиуми.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, имаше „многу конструктивни“ средби со кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, како и со лидерот на кипарските Турци, Мустафа Аканџа, посочи портпаролот на Гутереш.
За време на својата 24-часовна посета на Кран Монтана, која ја напушти денеска, Гутереш, исто така, се сретна и со претставници на земјите гаранти на безбедноста на островот - Грција, Турција и Велика Британија, и со претставници на ЕУ.
- Се создаде взаемно разбирање за пакетот што би можел да доведе до глобално решение на кипарскиот проблем, посочи портпаролот по синоќешната средба на Гутереш со шефовите на делегациите.
Генералниот секретар на ОН, освен тоа изјави дека е „многу ангажиран“ во напорите за „постигнувањето глобално решение за населението на Кипар“, додаде портпаролот.
Пред оваа серија средби Гутереш ги повика лидерите на кипарските Грци и кипарските Турци да ја искористат „историската можност“, што ја даваат сегашните преговори во Швајцарија.
Новиот круг преговори за повторно обединување на Кипар почна во средата во Кран Монтана со присуство на кипарскиот претседател и лидерот на кипарските Турци, како и на претставници на земјите гаранти на безбендостана островот.
Според грчки извор, се очекува преговорите да продолжат и следната недела.
Ново на Сител
-

Основана Кинеско-македонската стопанска комора
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
-

Светот го истражува македонскиот неолит
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
