Живот
9. February 2017 - 17:40

Направил дваесет и четири соби во стан од триесет и два квадрата

Во  целиот свет се зголемува бројот на луѓето кои се фасцинирани од мали куќи и станови. Просторот за живот би требало да биде функционален и целосно искористен.

Во Хонг Конг е вообичаена појава луѓето да живеат во мали станови. Еден од нив е и архитектот Гари. Но, неговиот стан се разликува од другите. Иако има само 32 квадратни метри површина, тој успеал да направи дури 24 соби во него.