Направи најевтини колачи со само 3 состојки: И дете може да ги направи, толку се лесни - рецептот е хит на социјалните мрежи
Неодамна една гастро блогерка од Австралија сподели ултра едноставен и евтин рецепт на својот блог, а тој многу брзо стана екстремно популарен на интернет. Таа за овие колачиња од три состојки ги предложи како новогодишни, но всушност може да се направат во секоја прилика.
Овие колачиња се прават од намирници кои во секој момент ги имаме при рака - путер, брашно и шеќер, а врз нив може да се додаде и чоколадна глазура по желба, може и суво овошје, косос, карамел прелив...
„Толку се фини! Крцкави и се топат во уста. Подобро да престанам да ги јадам, зошто ништо нема да им остане на домашните“, напиша оваа мајка на социјалнтие мрежи и го сподели рецептот и сликата.
Таа додаде и дека не се замарала многу со формата на колачите, туку едноставно ги направила како подебили стапчиња, но напомена дека може да се направат и со помош на убави калапи.
„Ако сакате да ги обликувате со калапи за кекси, само додајте четвртина шоља брашно на оваа мера, за да не ви се шират премногу во рерна“, посоветува таа и напомена дека во тој случај формите се прават пред самото печење.
Потребни состојки:
*250 грама путер
*2 шољички брашно
*3/4 šшољички шеќер
Подготовка:
Ставете го шеќерот и брашното заедно со мали коцкички ладен путер. Со раце измешајте ги состојките, додека не добијат текстура на мокар песок. Добиената смеса преместете ја во четириаголна тепсија и нежно натапкајте ја со рацете, па измазнете ја со чаша или сукало. Печете 20 минути на 160 степени, па извадете ја тепсијата и со нож сечете го тестото на коцки или правоаголници. Вратете го во ретна уште 8 минути, се додека тестото не добие златна нијанса.
Ново на Сител
-
Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и пратеник
-
Претрес во дом на струмичанец, пронајдени 300 грама марихуана и засадено стебло канабис
-
Од 1 јануари Србија ќе воведе национален данок на CO2
-
Во Кривичен денеска треба да биде објавена пресудата против три лица за дивите депонии во Вардариште
-
Кривична за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лица
-
Уапсени двајца скопјани поради сомнение дека запалиле три возила во Аеродром
-
Спроведени инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките
-
Кампањата за Локалните избори во второ полувреме, партиите во трка за довербата на граѓаните