Направена проценка на 400 од 1.315 барања за обештетување од невремето во Прилепско
За пет дена трите прилепски комисии за проценка на штетите решија 400 од 1.315 барања на земјоделците од Прилепско по невремето што на 23 јули го зафати регионот на Мало и Големо Коњари и атарот на прилепската населба Варош, велат од општинската комисија.
- Од понеделникот кога започна проценката на 1315-те барања на земјоделците, проценка е направена на околу 400 барања. Проценката се движи од 60 до 90 отсто уништен род. Интензивно работат три комисии. Единствено што се јавува како проблем е непотполната документација што ја доставуваат земјоделците. Ние им се јавуваме за да им излеземе во пресрет и да ја дополнат документацијата, вели Жарко Северкоски, претседател на општинската комисија за елементарни непогоди.
Законскиот рок за процената е 30 дена, а од комисијата велат дека може да завршат 10-ина дена порано за да им излезат во пресрет на земјоделците. Пота се изготвува елаборатот кој ќе биде доставен до советот на општина Прилеп за да се процесуира, па и до владината комисија за проценка на штетите, објаснува Северкоски.
Во невремето од 23 јули се зафатени околу 600 хектари, главно со тутун и пиперки, а помалку со други култури. Од Здружението на тутунопроизводителите „Мице Козар апелираат до општинскиот совет и до Министерството за земјоделство соодветно да ги обештетат земјоделците.
Според Тони Аљакоски, претседател на тутунското здружение „Мице Козар“ проценката се врши реално. Но, површините со тутун, главно, не се осигурани, па од здружението сугерираат дека ќе се покрене иницијатива родот да се осигура како порано - со потпишувањето на договорите со откупувачите.
- Потребно е да има посебен фонд, а при потпишувањето на договорите со откупувачите, да им се одбива на производителите за осигурувањето на родот и тоа да биде во посебен фонд. На тоа се согласуваат тутунарите, бидејќи не веруваат во осигурителните компании, вели Аљакоски.
Инаку, комисијата за проценки на штети ја заврши работата со проценката на 105-те барања за штети од невремето на 9 јули во Мало и Големо Коњари. Комплетирана е проценката на барањата за штетите на околу 300 хектари. Елаборатот на проценката за штетите од првото невреме ќе биде процесуирана заедно со завршувањето на проценката на 1315-те барања за проценка на штети на 600 хектари од 23 јули.
Ново на Сител
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“
-
Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вице премиер
-
Првиот приватен универзитет во Македонија АУЕ–ФОН одбележува 22 години од основањето
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ
-
Мицкоски: Не смееме да заборавиме – криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите
-
„Најголема енергетска инвестиција во последните 10 години“ - Почнува изградбата на интерконекторот со Грција
-
Таравари со една нога надвор од Владата