Фудбал
10. January 2021 - 20:11

Наполи славеше во Удине

 
Македонската пресметка во италијанската Серија-А заврши со победа на тимот на Елиф Елмас.  Наполи со 2-1 го совлада Удинезе на Илија Несторовски на гостувањето во Удине со гол постигнат во 90-тата минута преку Бакајоко. 
Наполи прв го отвори резултатот во 15. Минута кога во листата на стрелците се запиша Инсиње. Израмнување за Удинезе обезбеди Лазања по десетина минути. 
Елмас и Несторовски влегоа во игра во второто полувреме но среќата му се наспевна на наполитанецот.