-->
-->
Наполи ита кон титулата
-->

Фудбалерите на Наполи се зацврстија на лидерската позиција во Серија А, откако во 20.коло со пресврт, славеа над Сасуоло со 3:1. Во оваа рунда Интер освои само бод во Бергамо против Аталанта (1:1), додека Торино со триумфот над Фросиноне (4:2), ја прекина серијата од четири натпревари без победа.
Наполи против Сасуоло стигна до 13-та победа во сезоната, а Игуаин кој беше стрелец на два гола до бројката од 20 голови во првенството. Аргентинецот е единствениот играч во водечките европски шампионати кој стигна до 20 голови, во овој дел од сезоната.
Сасуоло, во Непаол, по само три минути игра стигна до предност, Фалчинели постигна гол од пенал. Потоа Каљехон и Игуаин направија целосен пресврт, а во 92.минута Аргентинецот ја потврди победата на својот тим.
Наполи и по 20-то коло ќе остане лидерската позиција со 44 бодови, четири повеќе од Интер и пет од Јувентус кој в недела ќе му гостува на Удинезе.
Интер во Бергамо освои бод против Аталанта. Натпреварот го обележаа два автогола и една неверојатна интервенција на голманот на Интер, Хандановиќ.
Муриљо, во 17 минута постигна авто гол за предност на Атланата, а со иста мерка возврати Толој осум минути подоцна и го постави конечниот резултат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
-

Заврши конзервацијата и реставрација на иконостасот во црквата Свето Благовештение која траеше 5 години
